Испечати

Куглоф од мелено месо

Куглоф од мелено месо

Состојки

  • 1кг мешано мелено месо
  • 2 големи компири
  • 1 главица кромид
  • 200 гр сланина
  • 1 тегла печурки
  • малку црвен пипер,мешан сув зачин, црн бибер, магдонос и зачини по желба
  • 200 гр мешан тврд кашкавал

Подготовка

Се сечка кромидот ситно и се пропржува со малку маслиново масло и путер во делимано вок тавата, кога кромидот ќе се искристализира се довааат компирите исечкани на многу ситни коцки и се оставаат да се пропржат и издинстаат до стадиум на рестован компир. Во оваа фаза се додаваат зачините. Се трга од рингла и на оваа смеса се додава живо меленото месо и добро се промежува за да се изедначи смесата. Се редат резанките сланина во намрсен калап за куглоф и тоа на ѕидовите на калапот се додава половина од смесата мелено месо и на средината се редат парчињата кашкавал (може и добар сув кајмак) па се поклопува со остатокот од смесата мелено месо. На крајоти непокриениот дел од месото се покрива со сланина и се пече околу еден час на 180-200 степени. Потоа се превртува и декорира по желба.