Испечати

Видео рецепт: Пилешки копани со рижото со тиквички

Видео рецепт: Пилешки копани со рижото со тиквички

Состојки

    Имате Пилешки копани во фрижидерот, и сега што? Сакате нешто едноставно, а вкусно? Тогаш ова е совршен рецепт за Вас. Само вклучете рижото со тиквички во ова јадење и имате совршен ручек.

    Состојки

    • 3 Пилешки копани
    • 125 грама Ориз
    • половина Тиквичка
    • 4 парчиња Аспарагус
    • 1 главица Кромид
    • Сол и Бибер
    • Маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Однапред загрејте ги тавите и почнете со сечкање на кромидот на мали парчиња. Потоа ставете само малку масло во тавата за пржење и ставвете го кромидот да се пржи на среден оган. Исто така ставете и ориз во зовриената вода.

    Чекор 2: Земете ја половината тиквичка и изрендајте ја заедно со аспарагусот за да ја добиете основата на рижотото. Потоа ставете ги заедно со кромидот и убаво измешајте ги. Пилешките копани можете да ги зачините со Вашиот омилен зачин, и не заборавајте во смесата за рижото да додадете уште сол и бибер.

    Чекор 3: Кога оризот ќе се свари, можете да го измешате со смесата во тавата за пржење и да го пропржите едно до две минути, и готови сте со рижотото.

    Чекор 4: Кога е во прашање здраво готвење, нема ништо подобро од диеталниот сад. Не користите многу масло и месото ќе биде крцкаво однадвор и меко одвнатре. Ставете го диеталниот сад на средно висок оган и во него ставете ги пилешките копани. Кога однадвор ќе ја видите онаа златно кафена боја, месото е готово.

    Чекор 5: Ставете еден од копаните ви чинија и гарнирајте го со веќе подготвеното рижото.
    Ставете неколку листа свеж босилек одозгора и имате совршено јадење за ручек.
    Веќе знаете дека чистењето е лесно како шега, па така со салфетка пребришете го диеталниот сад и готови сте и со тој дел од работата.

    СОВЕТ: Можете да комбинирате различни видови месо и мноштво опции за рижото за овој рецепт да биде различен секојпат кога го подготвувате. Затоа следниот пат кога ќе купите пилешки копани, или ќе ги најдете во фрижидер и ќе се прашувате што да правите со нив, сетете се на овој рецепт.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Диетален сад ; Сад за сос