Испечати

Домашен леб од пченично брашно (интегрално или бело)

Домашен леб од пченично брашно (интегрално или бело)

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 голема лажица шеќер
  • 1 мало лажиче сол
  • 200-250мл млака вода, млеко или јогурт
  • 20 гр свеж квасец (половина коцка) или голема рамна лажица сув (10ина гр)

Подготовка

Домашното лепче ние го правиме постојано во нашиот дом. Рецептот е секогаш истиот. На овој рецепт се задржавме по сите испробани.
Користиме најчесто наше домашно интегрално пченично брашно мелено на воденица, ретко користиме бело, но соодност е истиот.

Сувите состојки се мешаат, квасецот се раствара во водата (200мл), не се чека да стаса (да се активира), водата се додава во брашното и се замесува меко тесто.
Поклопено се остава да стаса и готово е за окулу 40ина мин. Повторно се замесува, но овој пат се дели на делови и се става во калапите за векни на Делимано да се стаса уште еднаш.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 20ина минути, па уште 20ина минути на 180.