Испечати

Триаголници со јаболка во сос од ванила

Триаголници со јаболка во сос од ванила

Состојки

  • 1 кг лиснато тесто
  • 4 јаболка
  • 1 супена лажица цимет
  • 3 супени лажици шеќер
  • Сос
  • 400 гр млеко
  • 2 пакетчиња ванила
  • 1 супена лажица густин
  • 5 супени лажици шеќер

Подготовка

Јаболката ги рендаме и ги мешаме со циметот и шеќерот и оставаме да стојат 10 минути, потоа ги цедиме од водата. Лиснататото тесто треба да е одмрзнато и се сука коричка се засекува на едниот крај, а на друг крај се става од филот се затвора и се притиснува со вилушка од страната се печат додека се заруменат.

Млекото и шеќерот се ставаат да вријат. Од млекото се трга малку на страна и се раствора густинот, во млекото се додава и ванилата и растворениот густин.
Секој печен триаголник се прелива со сосот. Може да се служат и топли и ладни.
На здравје !!