Испечати

Десерт во чаша од јаболка и медени срца

Десерт во чаша од јаболка и медени срца

Состојки

  • 3 средни јаболки
  • по потреба колачиња медени срца
  • 1 чаша (од 240мл) шеќер
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 1 пудинг од ванила
  • 300 мл. млеко
  • 2-3 лажици шеќер
  • 100-150 мл. матена слатка павлака
  • по потреба сецкани лешници

Подготовка

Ова е ден од моите омилени десерти со јаболки. Лесно се приготвува, многу е вкусно, а состојките може да си ги прилагодувате по ваш вкус.

1. Медените срциња се сецкаат на коцкички.
2. Од шеќерот се прави светол карамел, му се додава павлаката и на тивко се вари, за карамелот да се стопи и кремот да се згусне. Кога ќе се подолади се додаваат јаболките сецкани на коцкички.
3. Од пудингот, шеќерот и млекото се вари пудинг. Кога ќе се олади му се додава матена слатка павлака и се мати со миксер да се добие крем. Од слатката павлака додавајте лажица по лажица за да добиете густина каква што сакате. Остатокот од слатката павлака ќе го искористите за украсување.
4. Лешниците се толчат или покрупно се сецкаат.
Сега во чаша ставајте наизменично слоеви од медените срциња, кремот од ванила, кремот од карамел и јаболки и сецканите лешници.
На крај украсете (кај мене слатка павлака, крем карамел, сецкани лешници и украси од карамел).
Десертот може веднаш да го јадете, ама поубаво е ако одстои преку ноќ во фрижидер за да се натопат медените колачиња од кремот од ванила и да се помешаат вкусовите.
На здравје