Испечати

Леб со сончоглед и ленено семе

Леб со сончоглед и ленено семе

Состојки

  • 450 гр брашно
  • 350 гр вода
  • 1 квасец
  • 1 кафено лажиче сол
  • 50 гр сончоглед
  • 50 гр ленено семе
  • 2 супени лажици масло

Подготовка

Лебче што не се меси со рака туку со лажица.
Млаката вода и квасецот се мешаат убаво за да се растопи квасецот. Во подлабок сад се ставаат брашното, сончогледот, лененото семе, солта и маслото се додава и водата со квасецот и се меша со лажица убаво. Тестото се покрива убаво и се остава 20 минути да стаса. По 20 минути повторно се промешува и пак се остава уште 20 минути да стои. Врз набрашнета површина се истура тестото и нежно со рака се оформува погача без да се притиска. Тавче број 28 се загрева убаво во рерна и врз него се наросува брашно се става лебот и се остава да стаса. се пече 25 минути на 200 степени.