Испечати

Пена за кафе

Пена за кафе

Состојки

  • 100 мл млеко (1,5% м.м.)

Подготовка

Еве еден лесен и брз рецепт кој го најдов на нет за совршена, кремаста пена за капучино или макијато.
Се става млекото во сад со капаче кој може да се користи во микро или во мојот случај во пластично шише. Се протресува млекото најсилно што можете, околу 60 секунди и се префрла во чаша што може да се користи во микро. Не се полни цела, се остава простор за пената која ќе се создаде. Во оригиналниот рецепт што го видов на интернет не пишуваше на колку степени се загрева млекото, кај мене микрото е најмногу до 750, јас како прв пат за проба го ставив на 450, 1 минута, во оригиналниот рецепт пишуваше од 30 до 60 секунди. Млекото се налева врз кафето, а пената нежно со лажица се нанесува на врвот на шолјата. Следен пат ќе пробам и на 750 да видам како ќе испадне и така. Одозгора убаво би било да се нанесе и цимет.
Забелешка - пожелно е да се користи млеко до 2% м.м., бидејќи полесно се создава пена, јас користев млеко со 1,5% м.м