Домашен леб со мешано брашно
Состојки
- 500гр. бело брашно
- 200гр. пченкарно брашно
- 200гр. интегрално брашно
- 100гр. ржено брашно
- 1 лажица сол
- 4 лажици зејтин
- 700-800мл. вода
- 20 гр свеж квасец
Подготовка
Подготовка
Од брашното се остава мала количина, а во останатото се додава лажица сол, стасаниот квасец и водата. Сето тоа добро се замесува заедно со зејтинот, се остава покриено во топла просторија да стаса. После тоа се размесува и повторно се остава да стаса, но овој пат веќе оформено и подготвено за печење. Откако ќе стаса вториот пат, се пече на 220 степени Целзиусови во претходно загреана рерна и плех баз подмачкување. Само плехот загрејте го добро. Лебчето испечено оставетего во рерна уште десет минути да се истишти. Потоа извадетеги и покрите го со крпа.