Испечати

Домашна плескавица и кумановски суџук на скара

Домашна плескавица и кумановски суџук на скара

Состојки

  • 1кг. мешано мелено месо
  • 3 главици кромид
  • 2 лажици буковец
  • 2 лажици мешан зачин
  • 1 лажички бибер
  • 3 лажици лебни трошки
  • 1 црвен пипер
  • малку магданос и оригано
  • 1кг. кумановски суџук

Подготовка

Подготовка
1. Во сецко на почеток го мелеме кромидот и магдоносот (доколку немате сецко може да го исецкате ситно или да го изрендате кромидот) мешаме убаво. На оваа смеса ги додаваме сите горенаведени зачини. Морам да нагласам за да нема додатни прашања, во смесата јас не додавам јајца и тоа веќе подолг период, јајца ставам во смеса од мелено месо само за ќофтиња (кои се варат, пржат и печат во рерна).

Откако ја замесивме смесата оделуваме осум идентични топчиња. Доколку сакате прецизност секое топче нека биде по 125гр. Ги формираме во плескавици и ги оставаме во фрижидер 24часа. За формирање на плескавиците користете по малку зејтин.

2. Суџукот го сечеме на мали парчиња а потоа на половина, го засекуваме.
Во меѓувреме се распалува скарата и пополека се печат на жарот.
Ова ни беше семеен неделен ручек,во прилог си подготвив и пире со похувани модри патлиџани.
Доколку се одлучите за ваков гурманлук нека ви е наздравје-)