Пита со месо прелиена со пиво
Состојки
- 500 гр кори
- 600 гр мелено месо
- 2 главици кромид
- 200 мл пиво
- 200 мл млеко
- 200 мл кисела вода
- 4 јајца
- 50 мл масло
- 2 лажици доматно пире или кечап
- 1-2 лажици мешан сув зачин
- бибер по вкус
Подготовка
1. Кромидот исчистен исечкајте го на коцки и пропржете го во врело масло. Потоа додадете го месото и динстајте, а повремено налејте и малку вода, додека да месото омекне, а одвишок течноста испари. Пред крајот додате го пирето од домати и зачините.
2. Во тавче број 34, кое го мачкаме со масло, ставаме две кори. Нанесуваме малку фил од месо и преклопуваме со една кора. Постапката ја повторуваме додека да се потроши филот, значи, кора фил кора. Завршуваме со две кори кои ги подвиткуваме и малку ги гужваме да се направат рабови врз питата (да не штрчат).
3. Подготвената пита ја сечеме на осминки, триаголници. Во еден сад соединуваме јајца, пиво, млеко, кисела вода и масло. Ја залеваме питата со добиенава смеса и ја оставаме 10 минути за да ја впие течноста. Печеме во загреана рерна на 200 степени додека да зацрвени.
Забелешка
Прво корите ги ставив во тавче бр. 26, ама откако почнав да ги редам некако ми се виде мало, па веднаш ја преместив во поголемо (затоа од страните нема толку фил, бидејќи при преместувањето ми се лизна накај средината, нели корите до негде ги наредив).
Ја сечев додека е топла, вие ако имате трпение, а и тие околу вас (кај нас нема такво нешто =)) оставете ја да се излади барем некое време.