Испечати

Бадем колач со јаболка (без брашно)

Бадем колач со јаболка (без брашно)

Состојки

  • За колачот
  • 2 мали јаболка
  • 1/2 лимон
  • 150 гр шеќер
  • 160 гр бадем во листови
  • 4 јајца
  • За крем
  • 80 мл слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила

Подготовка

Јас сум воодушевена од овој лесен и вкусен колач кој во себе не содржи брашно, па затоа ви го препорачувам на сите.

Подготовка
1. Бадемите во лист ги мелеме на машинка за мелење ореви.
2. Јајцата ги матиме со шеќерот па ги додаваме и бадемите на смесата.
3. Јаболките ги лупиме и ги сечеме на коцки. На лимонот му ја рендаме кората во јаболките, па го цедиме сокот од него и го додаваме исто во јаболката. Ставаме 1-2 лажици шеќер и на оган ги вариме околу 5 минути. Потоа ги ставаме во блендер или сечко, ги блендираме и ги ставаме во смесата за колачот.
4. Калапот за колач го мачкаме со путер. Јас ја користев округлата силиконска тава на Делимано.
5. Ја истураме смесата и печеме на 165 степени, 40 минути. По печењето, кога ќе се подизлади го превртуваме на тањир. Сечеме парчиња по желба.
6. Слатаката павлака ја матиме, лесно, може и рачно, за да не ни се стегне многу, заедно со ванила екстрактот и шеќерот. Ставаме од неа на секое парче од колачот и декорираме со бадем листови.

Забелешка
Вака јас го правев, а еве и полесен начин. Бадемите сомелете ги на блендер, па во нив ставете ги јајцата и шеќерот и матете до хомогена смеса. Остатокот од постапката е ист.
Ако правите дупла доза печете во тавче бр. 24.