Испечати

Пржени прстенчиња од јаболко

Пржени прстенчиња од јаболко

Состојки

  • состојки за смесата од палачинки
  • 1 јајце
  • 150 гр шеќер
  • 250 гр млеко
  • 130 гр брашно
  • 1 кг јаболка

Подготовка

Како ја погодија темава баш јаболката ми се едни од омилените овошја и ги обожавам секако најмногу во лења пита, ама тука има доволно рецепти така да и мојата е горе долу слична и не е интересно да се повторуваме хехехе ...искрено не знаев за кој рецепт да се одлучам така да се надевам дека деновиве ќе успеам да објавам уште некој рецепт на оваа тема доколку ми дозволи уредништвото се разбира хехе

1. Јајцето го матиме и постепено ги додаваме шеќерот, млекото, брашното и прстофат сол, додека да добиеме смеса иста како за палачинки и оставаме малку да “одмори“
2. Јаболката ги лупиме и ги чистиме од семките, потоа ги сечеме на што потанки кругови.
3. На оган во сад за пржење ставаме поголема количина масло да се загрее и потоа круговите јаболка ги потопуваме убаво во смесата за палачинки, па ги пржиме во маслото.
4. Готови ги сервираме на чинија и ги посипуваме со шеќер во прав и (цимет по желба) и ги служиме додека се сеуште топли

Ова е малку специфично јадење и пржењето исто така е малку мачничко хехехе ама е брзо, лесно и вкусно - баре за мене, а се надевам и за вас