Интергрален леб со ким, без квасец (рецепт за пекач)
Состојки
- 450 мил кисело млеко
- 3 лажички сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 3 лажички мед
- 2 лажички ким
- 300 гр бело брашно
- 150 гр тритикале
- 150 гр пченично интегрално брашно
Подготовка
Еден од моите поомилени лебови кој ретко го правам оти кај нас скоро никогаш нема толкава количина на кисело млеко.
Сода бикарбоната се остава во киселото млеко за да се активира. Кислелото млеко се става во пекачот, се додава сол, мед и ким и на крај се ставаат и брашната. Се избира програма за интегрален леб. Кога пекачот ќе заврши, извадете го лебот, замотајте го во влажна крпа, а потоа во транспаретна фолија. Го имам правено и ржано, со грахам, со хељдино и само со пченично интегрално. Секогаш е истиот сооднос со белото брашно.
Ќе уживате, лебот е прекрасен!