Пита со урда и јајца
Состојки
- 1кг брашно
- 500 мл вода
- 1 супена лажица сол
- За фил
- 500 гр урда
- 3 јајца
Подготовка
Драги домакинки еве и јас решив да ви се придружам ...
Од брашното водата и солта се меси средно тесто,тестото се дели на десет топчиња и секое топче се расукува во кора, секоја кора се премачкува со масло и корите се ставаат во фрижидер да стојат половина час. По половина час од секоја мала кора се растегнува поголема кора и се става фил од јајца помешано со урда.Подговените кори се виткаат во круг и се редат на подмачкано тавче. Се пече додека порумени.
На здравје !!!