Шарен колач со јаболки и пудинг од ванила
Состојки
- За тесто
- 4 јајца
- 150 гр. шеќер
- 180 гр. путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 200 гр. брашно
- 1 пециво
- 2 лажици какао
- За крем
- 2 пудинга од ванила
- 700 мл. млеко
- 4-6 лажици шеќер
- 3 јаболки
- 1/2 лимон (сок)
- За украсување
- 1 пудинг од ванила
- 250 мл. млеко
- 2-3 лажици шеќер
- 100 гр. путер
- по вкус мед, сецкани ореви, цимет во прав
Подготовка
Подготовка
1. Пудингот со шеќерот се вари во млекото. Кога ќе се подолади му се додаваат јаболките сецкани на коцки, покапани со сокот од лимон.
2. Се матат јајцата со шеќерот да се добие убав крем. Се додава растопениот путер, ванилата и на крај внимателно со лажица брашното помешано со пецивото.
3. Смесата се дели на два дела. Едниот дел останува ист, а во другиот се додава какаото и 2-3 лажици млеко.
4. Жолтата смеса се става во намастена тава, се запекува 6-7 мин. се нанесува внимателно пудингот со сецканите јаболки, па кафеавата смеса и се допекува на 180Ц.
Јас го печев колачот во малата ростер тава.
5. Оладениот колач се сече на парчиња, се украсува со кремот од ванила (пудинг од ванила со изматен путер) и се посипува со мед, сецкани ореви и цимет.
По желба место со кремот од ванила може да украсите со матена слатка павлака.