Лепче со сушени домати и босилек
Состојки
- Тесто
- 1/2 чаша топла вода
- 1/4 чаша шеќер
- 4 лажичиња сув квасец
- 1 чаша топло млеко
- 1/3 чаша маслиново масло
- 2 јајца
- 2 лажички сол
- 6 чаши брашно
- Фил
- 1 чаша сечкани сушени домати
- 1 чаша рендан пармезан
- 2/3 од чашата сечкан свеж босилек
Подготовка
Млаката вода, малку брашно, шеќерот и квасецот се оставаат десетина минути, за да се активира квасецот.
Потоа се додаваат млекото, брашното, јајцата, солта и постепено брашното, па се меси да се добие убаво, меко тесто. Се остава на топло, да се дуплира.
Потоа тестото се дели на два дела. Секој дел се сучи во правоаголна кора, се премачкува со маргарин, па се наросува со половина од филот.
Кората ја виткаме во ролат, па со остар нож ја сечеме по должината (се почнува да се сече отприлика од 2 цм од краевите и длабоко се засекува).
Краевите ги превиткуваме, едниот надолу, другиот нагоре, да се добие нешто слично како буквата ѕ. Потоа ги подвиткуваме одоздола, па ќе се добие форма како 8.
Обликуваните лепчиња ги ставаме на плех обложен со хартија, ги премачкуваме со јајце и ги оставаме половина саат да се одморат. За тоа време ја загреваме рерната на 180 степени и ги ставаме да се печат се додека не заруменат.