Испечати

Лиснати погачици со јаболка

Лиснати погачици со јаболка

Состојки

  • 500 гр лиснато тесто
  • Полнење
  • 2 јаболка
  • 1/2 чаша шеќер (од 250 мл)
  • 50 гр ореви
  • 1 лажица путер
  • 1 лажиче цимет
  • 1 јајце, за премачкување
  • 50 мл слатка павлака

Подготовка

Овие погачици се прават многу брзо и лесно, а се многу вкусни.
Лиснатото тесто расучете го (јас имав тесто од 1/2 кг, две плочки по 250 гр.)
Од секоја плочка, со чаша исечете по 12 парчиња. На секое парче ставете по 1 лажичка од полнењето. По краевите премачкајте со матено јајце и одозгора ставете друго парче од тестото. Лесно притиснете по краевите, да се спојат двете парчиња. Одозгора исто премачкајте ги со јајце. Печете ги на 200 степени.

За полнењето, ставете го најпрво шеќерот да се карамелизира, па ставете ги оревите. Промешајте. Ставете ја павлаката и путерот, промешајте да се соедини смесата и ставете ги јаболката исечкани на ситни коцки. Десетина минути нека се динстаат во смесата, се додека не испари течноста.
Ако ви остане од полнењето, ставете го во фрижидер, одлично е за со палачинки.