Испечати

Торта Мамина маза

Торта Мамина маза

Состојки

  • 1 паковање готови кори бр 28
  • Фил 1
  • 7 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • 125 гр маргарин коцка
  • 50 гр чоколадо за готвње
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 банана
  • Фил 2
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр какао
  • 100 гр вода
  • 80 гр шеќер
  • 125 гр маргарин коцка
  • 1 пакетче ресана
  • Декорација
  • шлаг крем или слатка павлака

Подготовка

По повод роденденот на татко ми му ја подготвив оваа торта -)))
Фил 1- жолчките и шеќерот ги матиме со миксер и ги ставаме на пареа да се варат, кога ќе се згусне го додаваме чоколадото да се стопи и го тргаме на страна да се лади. Откога ќе се излади го додаваме маргаринот и шеќерот во прав и убаво матиме. Ја додаваме бананата исецкана на коцки и мешаме со лажица.
Фил 2 - чоколадото, водата, шеќерот и какаото ги ставаме да вријат, откога ке зоврие оставаме да врие 3-4 минути со повремено мешање и тргаме на страна да се излади. Откога ќе се излади го додаваме маргаринот и убаво матиме со миксер. Ја сецкаме ресаната на коцки и ја додаваме и мешаме со лажица.
Корите јас си ги натопив со шербет, но ако не сакате не е задолжително .
Филуваме кора па фил 1, кора фил 2 и завршуваме со кора.Тортата ја декорираме со слатка павлака, шлаг или по ваша желба.
На здравје !!!