Испечати

Сируп од калинки

Сируп од калинки

Состојки

  • 1кг калинки
  • 1 кг шеќер

Подготовка

Калинките се чистат, но се внимава да нема од кората бидејки ако остане ке горчи. Во длабоко тенџере се става ред шеќер ред зрна калинки и се притиска со рака се додека се потроши се. Оставете го преку ноќ и утредента убаво измешајте и оставете уште 3 часа со повремено мешање, потоа сомелете во блендер и исцедете преку дупла газа и веднаш се собира во чисти шишиња.
Се користи како сок за растворање, за подготовка на чај, во разни коктели, а можете и желе да си направите со него.
На здравје !!!