Малиџано
Состојки
- 15кг. ајварски пиперки
- 2кг. црвени домати
- 10 парчиња, долгунести црни домати
- 2-2,5 л. масло
- по вкус сол
- 2 мали кафени финџалчиња шеќер
- 1 мал кафен финџал винска киселина
- 3-4 супени лажици сенф
- *Ако сакате луто малиџано едноставно заменете дел од целокупната количина на пиперки со лути.
Подготовка
Време на зимници...Се работи со полна пареа. Кога станува збор за зимница од пиперки, гајлето ми е одбрано. Ги подготвувам по рецептите на свекрва ми и тека Данче, кои верувајте ми многу се вкусни...
Пипеките се печат, лупат, чистат од семките, се оставаат преку ноќ да се цедат.
Црните домати ги печам во рерна, лупам и оставам исто да се цедат.
Црвените домати се печат во рерна, се чистат од лушпите и се мелат на машина исто како и пиперките.
Во тенџерето налеваме 1 л. масло. Го зовриваме, ја додаваме киселината, шеќерот, црвените домати. Се вари, пржи да се направи како салца. Додаваме сол по вкус.
Потоа ги додаваме сомелените пиперки. Постојано мешаме и повремено додаваме масло.
По некаде 30мин., ги додаваме сомелените црни домати. Продолжуваме со постојано мешање (колку повеќе се меша, бијат пиперките е подобро) и повремено додавање на масло. Црните домати го впиваат маслото, но со последниот пола литар ВНИМАТЕЛНО, можи да не влези целосно. Се пржи на силен оган. Се додава сол по потреба, по вкус
Се пржи исто како ајварот, мислам во однос на времето...Треба да добиеме убава кремаста структура. Пред самиот крај -10мин. се додава сенфот. Убаво се меша и изедначува.
Се собира жешко во жешки тегли. Се завиткува во старо ќебе, постепено така да излади, да се вакумираат теглите.