Испечати

Мрзелив бурек

Мрзелив бурек

Состојки

  • 1/2 кгр. кори за пита
  • 3 главици кромид
  • 3 страка праз
  • на вкус сол и бибер
  • 1 чаша трошки од соја
  • за прелевање
  • 5 јајца
  • 1/2 л. кисела вода

Подготовка

Овој и лажен и мрзелив бурек. Се спрема одвечер, а ќе го печете кога ќе станете од спиење.
Припрема
- Накиснете ги соините трошки прелиени со вода и нека стојат.
- На зејтин ставете најпрвин да се лесно запржи кромидот, потоа додадете го сецканиот праз, продолжете да пржите. Зачинете. При самиот крај додадете ја исцедената соја и допржете. Тргнете да се олади.
- Земате една кора и попрскајте ја со зејтин, врз неа друга исто така со зејтин напрскана и ставете ја третата кора - ставете од филот. Така со сите кори додека не ги потрошите.
- Јајцата со малку сол со миксер изматете ги, додадете ја киселата вода. Измешајте.
- Наложените кори во тавката насечете ги, залијте ги со сматените јајца, ставете во фрижидерот нека стојат до сабајле... вклучете рерната нека се загрее на 180-200 степени и печете. Се познава кога е готов. Оставете да малку олади, сервирајте го доручекот.
Напомена
Како ќе го формирате бурекот од вас самите зависи. На мене најлесно ми е (а не дека не може да се завитка во полжав корите, но јас секогаш ги ложам во плек од шпоретот колку што се големи корите, ја намрснувам тавата, ја ставам првата кора, врз неа малку зејтин, па другата и така над третата филот и пак продолжувам да ги наложувам корите се до нивно потрошување. Некој пат ако оценам дека малку ми било фил, ставам по четири кори и пак го бидува...
- Доколку оценете- ставете и повеке соја, не е проблем.
Чашата е од 250 мл.