Фантастични кифли
Состојки
- 200 мл млеко
- 200 мл јогурт
- 1 јајце
- 70 мл масло
- 1 квасец
- 1,5 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 850-950гр брашно
- 150 гр маргарин
- изварка, оригано по вкус
- 1 јајце за премачкување
- 80гр сусам
Подготовка
Прво во млакото млеко ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да се активира.
Потоа постепено додајте ги течните состојки и на крај брашното.
Замесете тесто да биде понамеко.
Нека се одмори 20 минути.
Потоа се размесува и се дели на 10 топчиња.
Секое се расукува во мала коричка.
Сега се прават на 2 места по 5 корички.
Јас постапив вака.
Се премачкува 1 кора со маргарин, на неа се става 2 кора, се премачкува со маргарин, па 3 кора се премачкува со маргарин и се посипува со изварка, па 4 кора, маргарин и 5 кора.
На другиот дел постапката е иста само што врз изварката ставив и оригано.
Од двете купчиња се развлекува по една кора, потанка.
Сега на првата кора сечев ленти, ги завиткувава како спирали, па ги мотав како цветчиња.
Од другата кора, ја сечев на триаголници, па виткав мали кифлички.
Се редат во плех и се премачкуваат со изматено јајце.
Киснат 20-30 минути и се печат по 20 минути на 200 степени.
Едноставно тестото е фантастично, правете форми какви сакате и уживајте.