Испечати

Шпагети со медитерански сос

Шпагети со медитерански сос

Состојки

  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 4 лукчиња
  • 200 гр маслинки
  • 500 мл доматен сос
  • 20 листа свеж босилок
  • 500 гр шпагети

Подготовка

Тиквичката и модриот домат се сецкаат како стапчиња/соленки. Маслинките се сецкаат на половинки.
Најпрво се пржи лукот. Потоа одделно кратко се пропржуваат тиквичката, модриот домат и маслинките. Одделното пржење е досадно, ама јадењето е повкусно - сите состојки го имаат задржано својот вкус.
Сите прженки се мешаат на страна, не на оган и во нив се додава доматниот сос и исецкан босилок. Јас не враќам на оган, свежо ми е повкусно.
Шпагетите се варат во зовриена вода, со малку сол и без масло.
Бон апетит!