Чорба од карфиол
Состојки
- 500гр цветови од карфиол
- 1 голем морков
- 1/2 корен целер
- 1/2 корен пашканат
- 1,5литар вода
- 80гр фиде
- сол, зачин, бибер, листови целер, семе од коприва,маслиново масло
- заа тесто зачинување
- 1 лимон
- 1 јајце
- 200мл јогурт
Подготовка
Многу вкусна чорба која ќе ви легне на душата како мелем.
На 1-2 лажици маслиново масло се пропржува ренданиот морков.
Се додаваат на коцки исечени целерот и пашканатот.
Се налива вода, се зачинува по вкус и нека зоврие супата.
Потоа се додаваат фидето и исчистениот карфиол.
Се вари 8-10 минути.На крај се додаваат листовите целер и семето од коприва.
По желба може и да се изблендира, но мене вака со цветчиња карфиол ми е полична.
На страна во еден сад се соединуваат јајцето, јогуртот и сокот од половина лимон.
Во танок млаз се тура во супата , се промешува.
Чорбата се сервира.