Никозиска салата
Состојки
- 1 конзерва туна
- 1-2 варени јајца
- 150 грама боранија, сварена
- 10 маслинки
- 1-2 домати, исечкани
- 1/2 главица кромид, исечкана
- 1/2 краставичка
- 2-3 варени компири
- 2-3 печени пиперки
- Дресинг
- 100 мл маслиново масло
- 30 мл лимонов сок
- 1 лажица сенф + сол и бибер
Подготовка
Ова е мојата верзија на оваа класична никозиска салата. Многу сакам за ручек да јадам ваков вид на храна, затоа што многу ми се допаѓа концептот на оваа салата - земи си од се по малце и најади си се за мерак х)
За дресингот сите состојки ставете ги во тегличка, зачинете си протресете ја тегличката додека да се создаде емулзија, заради сенфот. Со овој дресинг зачинете ги сите состојки, по малку (без туната).
Сервирајте на голема чинија, со листови марула, со дополнително дресинг, по желба и вкус.