Испечати

Корпички од тесто полнети со домати и босилек

Корпички од тесто полнети со домати и босилек

Состојки

  • 1 тесто за пица
  • 3-4 домати исечкани и зачинете со сол, бибер, маслиново масло и свеж босилек

Подготовка

Интересно е што човек може да смисли со остатоци од јадења или состојки. Во мојот случај, тоа е остаток од тесто за пица. Бидејќи тесто за пица не купувам купечко, туку го правам дома, правам најчесто од 1 кг брашно. Потоа го делам на повеќе еднакви парчиња и го замрзнувам. Така, секогаш имам свежо тесто за пица. Се случи од двете топки наменети за пица, да ми остане тесто, т.е пиците ги направив помали од предвиденото. Со остатокот се мислев што да направам и ми текна - корпички во калапот за мафини.

Ги намрсив со путер длабнатините, ги обложив со тесто кое го развлеков малку и ги печев во рерна загреана на 180 Целиусови степени, додека да бидат испечени сосема.

Доматите ситно ги исечкав, ги зачинив со сол и бибер, им ставив маслиново масло и сечкан босилек и со нив ги наполнив корпите кога се оладија.

Изгледаа многу убаво, а што е најважно - беа и вкусни.