Дипломска торта
Состојки
- Пандишпан
- 10 белки
- 10 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 пециво
- 100 гр урми
- 1 лажица какао
- Фил
- 350 мл млеко
- 17 лажици шеќер
- 10 жолчки
- 7 лажици брашно
- 1 бело чоколадо
- 1 црно чоколадо
- 250 гр маргарин
Подготовка
Со оваа торта го прославивме моето дипломирање, сега сум дипломиран економист =), па затоа и го дадов така и името на тортата.
1. Најпрво се спрема филот. На оган се става млекото и шеќерот. Во сад се ставаат жолчките, брашното и малку од претходното млеко да се размешаат. Откако млекото и шеќерот ќе зовријат во тенок млаз се става смесата од жолчките и се вари крем. Откако кремот ќе се згусти, се трга од оган и се дели во два дела, во едниот се става ситно исецканото бело чоколадо и се меша додека се растопи, а во другиот дел се става ситно исецканото црно чоколадо, исто така се меша додека се растопи чоколадото. Се оставаат и двата дела да се оладат, па потоа се мати пенасто маргаринот, и се дели на два дела, кои ги додаваме во оладените кремови, и посебно ги матиме накратко.
2. За пандишпанот се матат белките со шеќерот, па потоа се додава брашното, пецивото и урмите. Се дели на три дела, во едниот дел додаваме една лажица какао, и ги печиме трите кори во плех бр. 28 и печиме на 180 степени околу 20 минути.
3. Филување- се става белата кора, па чоколаден крем, па црна кора, жолт крем, и на крај другата бела кора. Се декорира по желба.
4. Забелешка-уште поубаво би било доколку во пандишпанот ставете бадеми, лешници или ореви.