Испечати

Топчиња од урда

Топчиња од урда

Состојки

  • 500гр урда
  • 200гр салама
  • 3-4 моркови
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце и магдонос
  • 5-6 лажички брашно (за поховање)
  • 2 јајца
  • 100гр. презла

Подготовка

Ова е истата смеса со која ги полнев пиперките. Всушност од оваа смеса што ми остана, па ги направив и полнетите пиперки.
Значи постапката е саламата се ренда, а сварените моркови се сечкаат ситно на коцки. Магдоносот исто ситно се сецка и сето заедно се меша со јајцето, брашното и урдата.
Правиме топчиња од смесата. Секое топче го валкаме во брашното, па во јајцето и презлата на крајот, па пржиме во загреано масло.