Зимница - Солен Вргањ во тегли
Состојки
- Состојки за солило бр.1
- 1кг вода
- 200 гр сол
- 5 гр лимонтус
- Состојки за солило бр.2
- 1 кг вода
- 100 гр сол
- 5 гр лимонтус
- Главна состојка
- печурки по избор Свеж вргањ
- Состојки за варење на печурките пред солење
- 1 л вода
- 1 лажица сол
- 1 лажица киселина или лимонов сок
Подготовка
Време на зимници така да не е на одмет и еден вака лесен и вкусен рецепт за печурки кои што благодарение на дождовите годинава ги има во изобилство....
Искрено прв пат во животот го имав ова искуство самата да соберам печурки нормално во придружба на искусни “печуркари“така да ги наречам хехе
Па како што е и редот обраните печурки убаво си ги складирав и дел замрзнав,друг дел посолив во тегли и наредниот пат (ако го има )и ќе си направам маринирани печурчиња па ќе имам уште еден рецепт за пишување ххехехе
Сега да бидам искрена ваква “зимница“ спремам прв пат по рецепт на една пријателка но се надевам дека ќе биде успешна и вкусна па ќе има и нареден пат
Значи пред се да ви кажам дека оваа постапка може да се прави со скоро сите видови на печурки, но јас се одлучив за Вргањ кој искрено не само што има посебен изглед,туку и неговиот мирис и вкус за мене се најубави и посебни
Значи постапката е следна
1. Најпрво (јас ова не го направив бидејќи сметав дека нема потреба со оглед на тоа дека ќе се варат пред конзумација, но вие подобро е да си го направите и тоа) Значи - најпрво убаво ги чистиме печурките и убаво ги миеме, потоа ги сецкаме доколку се поголеми и ги вариме додека не побелат (значи треба да станат бели) во солена и кисела вода од 5 до 8 мин.Така сварени убаво се ладат под млаз ладна вода и се оставаат убаво да се исцедат окулу 1 час ... состојките потребни за варење се наведени во рецептот...доколку се работи за поголема количина на печурки и ви треба повеќе вода...едноставно дуплирате
2. Потоа се подготвува солилото број 1 односно на тивок оган се става водата,солта и лимонтусот колку да се соединат,не треба да зовријат.
3. Печурките ги редиме во сад за зимница-кофа, буре или слично (а можите и дирекно во тегли како јас што направив ) и потоа ги преливате со ЛАДНО солило и при тоа пожелно е со нешто да ги притиснете за да не летаат, значи да бидат убаво потопени и покриени...така ги оставате да стојат 1 месец (теглите не се вакумираат доколку ги ставите во тегли)
4. По 1 месец ги вадите печурките од солилото убаво ги миете и ја повторувате истата постапка со солилото број 2 - само што овој пат ги собирате печурките во тегли и ги пастеризирате.
Пред јадење обавезно ги варите 5-10 мин во чиста вода (несолена и некисела) за да малку се отсолат и ги приготвувате на каков сакате начин...
Вака приготвени печурките доколку се убаво пастеризирани нормално можат да траат и до 5-6 години
Се надевам дека е ова доволно разбирливо,некому корисно и допадливо за подготовка ,да не биде овај реферат за џабе напишан хехехе поздрав до сите