Домашни корнишони
Состојки
- За една тегла
- по потреба корнишони
- 1 супена лажица (рамно полна) сол
- 2 кафени лажичиња шеќер
- 10 супени лажици бела киселина- 9% алкохолна
- 5-6 зрнца црна пипер
- 10-15 зрнца бел синап
- 1 ловоров лист
- по потреба вода
- *По желба можи да се додади копар.
Подготовка
Домашни корнишони кои се како купените. Години наназад редовно ги подготвувам и тоа по овој рецепт. Омилени на моите дечиња. Топло ви ги препорачувам. Кога ги купувате краставичките од пазар, гледајте тоа да се што поситни.
Начинот на подготовка едноставен и лесен.
Корнишоните убаво се мијат, им се кинат дршките. Се редат во чисти тегли.
Им се додаваат сите наведени состојки. Се дополнуваат со вода.Се затвораат со капаците.Теглите наредете ги во плех.
Ставете ги во незагрена рерна, тогаш приклучете на 100 степени и оставете ги 2 часа. Потоа исклучете ја рерната и оставате така да се изладат. Најдобро е навечер да се подготвуваат, со тоа што цела ноќ ќе ги оставите во рерна.Утрото извадете ги и превртете ги со капаците надолу.Тогаш ќе вочите ако некоја тегла не е вакумирана, ќе протечи од солилото. Тоа можи да се случи само ако капаците се стари.
На дополнителниве фотографии ќе забележите дека се 7 тегли, а тие се наполнети од 3кг.корнишони.
*Деновиве отворив тегла од лани.... Преубави...Пробајте...