Испечати

Шведска пица

Шведска пица

Состојки

  • состојки за филот
  • 500 мл млеко
  • 4-5 лажици брашно и 1 лажичка мешан сув зачин
  • 70 гр маргарин
  • 500 гр печурки (маринирани шампињони)
  • 200-300 гр кашкавал
  • состојки за тестото
  • 500 гр брашно
  • 1 мало филџанче масло
  • 1 јајце
  • 1 квасец
  • 250 мл млака вода (или по потреба во зависност од брашното )

Подготовка

Ова ми е најомилената пица,која што ја правам многу долги години и стварно е многу вкусна,сочна и не е многу силна...рецептата е од една драга пријателка на мојата мајка -голема благодарност до неа
За среќа и на мојот маж му се допадна па така да си продолжив да си ја правам и тука во новиот дом ххехее
Морате да ја пробате вкусот е феноменален

1. Во подлабок сад го ставаме брашното, јајцето, маслото, квасецот, шеќерот и солта и постепено налеваме млака вода замесувајќи меко тесто

2. Откако е убаво измесено се става во најлон и убаво се затвора притоа да нема воздух во најлонот...така затворено се става во фрижидер додека да го подготвиме филот

3. Го подготвуваме филот (бешамел сосот) така што прво во еден сад го вариме млекото со брашното и една лажица мешан сув зачин, притоа постојано мешајќи за да не ни загори. Кога ќе се добие потребната густина се трга од оган

4. Во тава на оган ги пржиме печурките со маргаринот и ги додаваме во филот убаво мешајќи да се соединат сите состојки

5. Откако ќе го подготвиме филот го вадиме тестото од најлонот и го нанесуваме во тава за печење намрсена со масло и потоа врз тестото го нанесуваме филот. Врз филот го рендаме кашкавалот на крупната страна од рендето и врз кашкавалот попрскуваме со малку кечап

6. Во претходно загреана рерна веднаш ја ставаме пицата и печеме 30 мин на 180 степени или додека не зарумени убаво (во зависност од рерната)

Совет- За да не ви лепи тестото додека го нанесувате бидејќи е доста меко намрсете ги дланките и кечап можете да ставите од после не мора за време на печењето доколку не сакате