Испечати

Ванила-оранж колач со јаболка

Ванила-оранж колач со јаболка

Состојки

  • Тесто
  • 300гр. брашно
  • 175гр. путер
  • 1 јајце
  • 150гр. шеќер
  • Фил
  • 8 мали до средни јаболка
  • 250гр. шманд или кисела павлака (24% масленост)
  • 100гр. шеќер
  • 3 јајца
  • 2 пакетчиња прашок за пудинг со вкус на ванила
  • рендана кора од 1 портокал
  • сок од 1 портокал
  • 100 гр. мармалад од портокали или шеќер во прав

Подготовка

Колач богат со вкусови. Кремаст и освежителен. За мене едни од омилените колачи се токму ваквите, со јаболка. Комбинацијата ванила, портокал и јаболка е совршена....пробајте, топло ви препорачувам.
Подготовка на тестото
Состојките за тестото ставете ги во еден длабок сад и замесете мазно тесто. Оформете топка, завиткајте го во стреч фолија и ставете во фрижидер да отстои околу 30-40 минути.
Вклучете ја рерната да се загрева на 175 степени.
Подготовка на фил
Најпрво излупете ги јаболката и отсртанете им ја средината. Веднаш налејте ги со сокот од портокал за да не потемнат.
Во еден длабок сад ставете го шмандот или павлаката, шеќерот, пудинзите во прав, јајцата и кората од портокал. Измешајте се убаво со жица за матење и внимавајте да не ви останат грутки.
Намастете ги страните од една тава со пречник од 26см, а на дното ставете хартија за печење.
Тестото извадете го од фижидер и развлечете го во округла форма. Најдобро да го расукате помеѓу две стреч фолии бидејќи тестото се лепи за оклагијата. Ставете го во тавата за печење и оформете страници со висина од 4-5см. Наредете ги внатре јаболката и врз нив налејте го филот.
Печете 60 минути.

Откако ќе се испечи, оставете малку да се олади па внимателно извадете го обрачот од тавата. Премачкајте одозгора со претходно загреан мармалад, или едноставно посипете со шеќер во прав.