Испечати

Градинарска палента

Градинарска палента

Состојки

  • 800 мл. вода
  • 200 гр. палента
  • 1 главица кромид
  • по 1 црвена и жолта пиперка
  • 80 гр. кашкавал
  • малку босилек и магданос
  • по ваш избор за количината домати
  • на вкус сол, бибер

Подготовка

Припрема
- Најпрво запржете на зејтин кромидот кој сте го исекле на полумесечинки, додадете ги исеченете или изрендатни морккови и пиперки - пржете до нивно омекнување. На самиот крај додадете ги исецканите магданос и босилек (кој не сака вкус на босилек нека го изостави). Тргнете настрана.
- Во зовриената посолена вода додадете ја палентата и варете додека се згусти. Додадете го кашкавалот, бркајте додека се стопи. Во добиената смеса додадете ги претходно испржените кромид, пиперки и морков, префрлете во модлата и израмнете ја смесата. Одозгора наредете парчиња сечени домати, ставете во рерна да се потпече на 200 степени загреана рерна околу 15 мин.
При сервирањето можете да посипете одозгора со уште зачинки кои ги обожавате...