Запечена палента со виршли и блитва
Состојки
- 125гр. палента
- 500мл. вода
- 1 лажичка путер
- 2 виршли
- 4 поголеми листови блитва
- 1 белка
- 3 лажици пармезан
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Ставете ги виршлите во зовриена вода да се обарат.
Во друго тенџере на оган ставете ја водата, малку сол и оставете да зоврие.
Намалете го огнот на најтивко и постепено додавајте ја палентата и со жица мешајте да не се формират грутки.
Откако ќе се згусти наросете црн бибер и оставете да се олади.
Од оладената палента земајте со намрснети раце и расплескајте ја на намрсната површина.
Одозгора ставете обарена блитва, парче виршла и одозгора пак палента.
Вака оформените парчиња палента наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Премачкајте ги со белка и посипете пармезан.
Печете на 200 степени, 25-30 минути, додека фатат убава кора.