Наједноставно тирамису
Состојки
- 300-400гр пишкоти
- 3 жолчки
- 3лажици шеќер
- 300 гр маскарпоне
- 300мл слатка павлака
- 1лажиче какао
- 100мл јако црно кафе
Подготовка
Поедноставно и побрзо здравје.
За 10 минути имате десерт, ама ќе го чекате барем 2-3 часа да одстои во фрижидер, за да може полесно да се лизга низ грлото.
Најпрво се ставаат жолчките со шеќерот да се варат над пареа до згуснување.
Кога се готови се оставаат да се изладат.
На страна се мати ладната слатка павлака, па се додава маскарпонето и жолчките.
Уште еднаш сето се соединува со миксер.
Сега пишкотите се потопуваат во кафе и се редат на послужавник или некој правоаголен сад.
Врз нив се става обилно од филот, убаво се израмнува, па со цедалка се наросува од какото.
Постапката се повторува уште еднаш.
Се чува во фрижидер до служење.
Пријатен апетит.