Македонска лазања со морков
Состојки
- Болоњезе сос
- 250 гр. мелено месо
- 250 гр. шампињони
- 1 главица кромид
- 1 пиперка
- 1 морков
- 500 мл. свежи домати ( во зима домата)
- 500 мл. купечка доматна салца
- 200 гр. кашкавал
- Бешамел сос
- 2-3 лажици брашно
- 100 мл. млеко
- 200 мл. вода
Подготовка
Прво на малку масо ги пржиме предходно исецканите кромид, пиперка и морков во сецко или блендер. Потоа го додаваме меленото месо, малку зачинуваме и пржиме додека меленото не ја смени бојата, ги додаваме исецканите шампињони и продолжуваме да пржиме додека се испржат и тие.
Ги додаваме доматите кои сме ги изрендале, а лушпите ги фрламе ( за тие што никогаш не правеле така, го сечеме доматот на пола и рендаме додека ни остани лушпа во рака), пржиме додека да испари водата, потоа ја додаваме купената салца, пржиме додека да добие убава густина, зачинуваме по желба и вкус.
Напомена: Додадете малку шеќер од кога ќе го пробате сосот , количината зависи од киселоста на доматите од едно мало до една голема лажица.
Бешамел сос
Ставаме малку масло да се загрее и на него го пржиме брашното, па ја додаваме водата и млекото, густината да е како за тесто за палачинки, зачинуваме благо, со сол, бибер, оригано
Кога двата соса се готови ја редиме лазањата во правоаголно тавче, најубаво во огноотпорен стаклен сад но кој какво има не е проблем. Прво на дното тураме од двата соса да се покрие целото, па редиме еден ред кори за лазања (како што се не варени), па повторно од двата соса и се така дури се потрошат сосевите. Ако е огноотпорен сад со капак го поклопуваме, а ако е тавче кое нема сопствен капак, ставаме алуминиумска фолија, печеме околу 45 мин на 200 степени. Потоа го тргаме капакот или фолијата, рендаме кашкавал каков што сакаме и уште кратко подпекуваме, да се стопи кашкавалот. Оставаме малку да се олади и потоа се прејадуваме . :D
Добар апетит!