Погача од палента

Состојки
- 1 шоља зејтин
 - 1 шоља брашно
 - 2 шољи палента
 - 3 јајца
 - 1 шоља кисело млеко
 - 1 шоља кисела вода
 - 1 пециво
 - 1 лажиче сода бикарбона
 - 50-100гр сирење.морков,кисели краставички....
 
Подготовка
Јајцата се матат и им се додаваат киселата вода, зејтинот, киселото млеко, палентата, брашното,пецивото, сода бикарбона и сирењето и морковот(исецкан)...или што сакате. Се мати целата смеса да стане хомогена.
 Се пече околу 30-мин. на 200 степени(да зарумени одозгора)