Испечати

Бело грозје во ракија

Бело грозје во ракија

Состојки

  • 1кг бело грозје
  • 1/2л ракија
  • 200гр шеќер
  • по потреба/желба цимет и каранфилче

Подготовка

Ова е Италијански рецепт.
Одвоете ги зрната и убаво измијте ги.
Сите зрна издупчете ги на неколку места со стерилна игла. Шеќерот и ракијата измешајте ги додека шеќерот не се растопи.
Грозјето наредете го во теглите и полијте го со ракијата. Во секое тегло ставите по малку цимет и едно каранфилче. После 2-3 дена проверете ја количината на течноста во теглите и ако е потребно додајте уште ракија за зрната да бидат скроз покриени.Може да се користи после 2 месеца.