Испечати

Овесна каша со цимет и карамелизирани смокви

Овесна каша со цимет и карамелизирани смокви

Состојки

  • 200 гр. овесни снегулки
  • 1/4 лажиче цимет
  • 1 л. вода
  • 50 гр. путер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 300 мл. павлака за готвење
  • по потреба смокви, шеќер за карамелизирање
  • по потреба млеко, слатка павлака

Подготовка

1. За да ја подготвите овесната каша, ставете ја водата да зоврие, додајте ги овесните снегулки и мешајте на тивко околу 5 мин. додека снегулките не омекнат. Додајте го циметот и оставете на страна да се лади, додека го спремате карамел кремот и смоквите.
2. На страна стопете го путерот, додадете му го кафеавиот шеќер и кога ќе се растопи додадете ја павлаката. Мешајте на тивок оган додека сосот не се згусне (околу 5 мин.)
3. Смоквите пресечете ги на половина, ставете ги со пресечената страна во шеќер и загрејте ги кратко време во тава додека шеќерот се растопи и карамелизира.

Пред служење додадете малку млеко во овесната каша и послужете со карамел кремот, слатка павлака и карамелизираните смокви.
Јас во овесната каша не додадов шеќер, доволно слатко ми беше од карамел кремот и смоквите. Вие пробајте и доколку сакате, додадете по вкус.

На здравје.