Сусамки со мед
Состојки
- 4 јајца
- 250гр. шеќер
- 4 лажици млеко
- 1 ванила
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици мед
- 250гр. маргарин или путер
- 800-850гр. брашно
- 150гр. сусам
Подготовка
Подготовка.
1. Во сад за матење ги ставаме јајцата заедно со шеќерот, матиме додека не се добие цврста пена. Маргаринот(путерот)предходно омекнат исто го матиме со миксерот. Во смесата ги додаваме и медот, ванилиниот шеќер, прашакот за пециво, млекото и додавајќи постепено брашно замесуваме средно меко тесто.
2. Формираме месечинки и секоја ја валкаме во сусам. Сусамките ги ставаме во тава за печење обложена со хартија. Печеме на 220степени додека не заруменат.
Колачињата се преубави колку подолго стојат се повкусни.