Испечати

Крцкави компири во кромид

Крцкави компири во кромид

Состојки

  • 1 кг компир
  • 2 главици кромид
  • 1/2 чаша палента
  • 1/ 4 чаша маслиново масло (+ за премачкување на тавата и попрскување на компирот)
  • зачини по вкус

Подготовка

Пред некое време ја најдов идејата за компири со палента, па пробав и бев презадоволна. Пред некој ден решив по мое да си додадам кромид и тоа беше убајна.
1. Компирите се сечат на крупни парчиња и се проваруваат малку да омекнат. (да не се сварени)
2. Се цеди водата и се оставаат на страна.
3. Се сече кромидот, се става во сад за печење премачкан со маслиново масло.
4. Во длабок сад се става маслиновото масло, зачините и палентата и се промешуваат убаво. Во смесата се додаваат компирите и се меша со раце.
5. Компирите се додаваат над кромидот, се попрскуваат со масло и се ставаат да се печат во загреана рерна на 180 степени. Не треба долго печење зашто се проварени, таман додека заруменат убаво и бидат крцкави.