Холандски пченкарни солени ролати
Состојки
- 350 гр брашно
- 100 гр пченкарно брашно
- 50 гр палента
- 4 лажички пециво
- 2 јајца
- 10 лажици масло
- 8 лажици млеко за во тестото
- 5-6 лажици млеко за во палентата
- За фил
- 250 гр кашкавал
- 250 гр шунка
- 2-3 лажици млеко за премачкување
Подготовка
1. Палентата ја посипуваме со млекото и оставаме малку да омекне.
2. Замесуваме тесто од сите состојки, месиме до меко тесто и го оставаме десетина минути. Рерната ја загреваме на 200 степени.
3. Го расукуваме тестото на 40х40 димензија, сечеме со нож парчиња, па на секое парче ставаме од филот.
4. Секое парче го виткаме во ролат.
5. Го редиме во тава намачкана со масло или пак прекриена со хартија за печење.
6. Ги премачкуваме со млеко и ги печеме во загреана рерна, околу 20 минути.
За филот се рендаат кашкавалот и шунката.
По мој избор овие се правени со сирење, кечап и оригано како додаток.
И по оригиналниот рецепт се одлични, дел беа направени и така, ама во недостаток на кашкавал, а и дека го сакаат мирисот на оригано моите по дома, изборот беше наметнат, ама многу вкусни испаднаа.
Инаку кога ќе се јадат најубави се со чаша јогурт .