Испечати

Свински медаљони во марамица

Свински медаљони во марамица

Состојки

  • 1 кгр свинско каре
  • 10 парчиња сланина
  • 10 парчиња кашкавал
  • 10 парчиња свински врат
  • 1 јагнешка марамица
  • сенф, зачин, бибер, сол, вода, масло

Подготовка

Свинското каре се сече на парчиња со дебелина од 1-1,5 цм
Секое парче се чука со чук за месо.
Се зачинува и се премачкува со сенф.
Се става по 1 парче кашкавал и 1 парче свински врат.
Се завиткуваат на половина и се формираат како медаљони.
Потоа се завиткуваат со парче сланина.
Секое медаљонче се завиткува во парче танка марамица.
Се попрскуваат со масло, се налива малку вода и 1 час се печат на 180 степени или се додека не заруменат.