Ролнички од црн домат
Состојки
- 2 танки црни домати
- 1/2лажиче сол
- фил
- 100 гр кајмак
- 100 гр крем сир
- 50 гр кисела павлака
- 1/2 китка сецкан магдонос
- 30 гр потпечен сусам
- 30 гр семки од сончоглед
- оригано, босилек, сол, копар, лук по вкус
- 3 печени, лупени црвени пиперки
Подготовка
Еве предлог за многу вкусно мезе.
Најпрво во една зделичка се соединуваат сите состојки за фил и се матат со миксер 1-2 минути.
Јас направив 2 варијанти, со лупен и нелупен црн домат.
Лично мене со нелупен (измиен) црн домат повеќе ми се допадна.
Црните домати исечете ги на еднакви ленти.
Наросете ги со малку сол, за да ја испуштат течноста која ја содржат.
Се запекуваат на делимано тава, со по 1-2 капки масло, но не смеат да се препржат, бидејќи би се искинале.
Секое парче црн домат се премачкува со веќе спремениот фил, врз него се става парче црвена пиперка-капија и се заролува.
Се оставаат во фрижидер 1 час, па се сервираат.