Испечати

Масло од лаванда

Масло од лаванда

Состојки

  • цела тегличка сува лаванда
  • по потреба ладно цедено маслиново масло

Подготовка

Лавадата секому е позната по специфичниот мирис, а многу семејства ја користат единствено како заштита од молци. Но, има прекрасни својства и добредојдена е како чај и зачин, а може да се користи и за нега на кожа во вид на масла и креми. Помага при болки и депресија, одлична е за третман на кожни заболувања, добра е за органите за варење и дишните патишта, за циркулација... Сум читала дека помага и за вошливост, а искуствено потврдувам дека е одлична како заштита од убоди од комарци.
За маслото се користи сува лаванда со која се полни цела тегла и потоа се прелива со маслиново масло. Теглата убаво се затвора и се остава на Сонце шест недели. Теглата се протресува еднаш дневно. На крајот маслото се процедува и се чува на темно. Може да се користи за ароматизирање на јадења, но и да се мачка на кожа и/или коса.