Испечати

Компот од боровинка

Компот од боровинка

Состојки

  • 1 кг шеќер
  • 3 кг боровинки

Подготовка

Да се разбереме, мерките ги ставив отприлика, затоа што за овој компот мерките се одредуваат според вкусот. Јас на пример на една тегла од литар ставив една третина боровници убаво исчистени. Ги попрскав со 3 лажици шеќер и ги дополнив со вода. Убаво ги затворив теглите и ги наредив во сад со вода. Водата да биде ладна за да не испукаат теглите при вриењето. Ги оставив да провријат колку да повлечат капачињата да се вакумираат убаво. Во некои тегли ставив и по малку ванила.
Откако ќе зовријат теглите ги извадив дирекно со садот во кој вријат и ги оставив така да истинат.
Истинати ги превртувам од опаку со капачето и ги редам на полица.
На здравје