Куглов со пченкарно брашно и јогурт
Состојки
- 125 гр пченкарно брашно (палента )
- 125 гр бело брашно
- 125 гр шеќер
- 1 мало лажиче нишесте
- 1 мало лажиче пециво
- 100 мл масло
- 1 паковка ванилен шеќер
- 3 јајца
- 125 мл јогурт
Подготовка
Кога сакате нешто благичко, за кратко време подгответе го овој прекрасен куглов.
Во сад се матат јајцата заедно со шеќерот и солта. Се додава палентата претходно промешана со јогурт и масло.
Во друг сад се мешаат брашното, пецивото, нишестето и ванилата, а потоа се префрлаат во смесата со јајце. На крај се додава ренданата кора од лимон.
Тавчето за куглов се премачкува со масло.
Смесата се истура во калапот и се става да се пече во загреана рерна. Се пече околу 30 минути, во зависност како ви пече рерната. Кога е готово се вади од калапот и се попрскува со шеќер во прав.
На здравје со слаткиот десерт.