Испечати

Пица со моцарела, пршута и смокви ( Лорејн Паскал)

Пица со моцарела, пршута и смокви ( Лорејн Паскал)

Состојки

  • Тесто
  • 500 гр. брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 квасец
  • 290мл. млака вода
  • 60 мл. масло
  • 1/2 лажиче шеќер
  • Гарнир
  • 2 топки моцарела
  • 4 лажици кечап
  • 8 -10 парчиња пршута
  • 5 пресни зрели смокви
  • неколку ливчиња пресен босилек
  • малку маслиново масло

Подготовка

Прво го замесуваме тестото. Во топлата вода и шеќерот го ставаме квасецот да се активира, а во поголема чинија го ставаме брашното, маслото и солта. Кога ќе се активира квасецот го истураме во брашното и замесуваме убаво меко тесто. Го оставаме половина час покриено да се дуплира. Кога е готово го делиме на половина и правиме две големи округли пици ( тава број 40) тесто е меко, па си помагаме со малку брашно. Потоа ја премачкуваме пицата со кечапот, па ја ставаме исецканата поцарела на кругови. Пршутата ја ставаме како згужвани купчиња, како да сме оформиле цветови од неа. Потоа ставаме неколку смокви исечени на четвртини. Зачинуваме со малку сол и бибер.Ја ставаме да се печи 15-20 мин на 220 степени. Кога е готова додаваме и некоја свежа четвртина смоква, и потураме лесно со ладно цедено маслиново масло.

Напомена! Рецептот е за две големи пици.

Добар апетит!