Испечати

Peanut butter пралини

Peanut butter пралини

Состојки

  • 25 гр маргарин
  • 40-45 гр шеќер во прав
  • 100 гр путер од кикиритки
  • 3 лажици слатка павлака

Подготовка

Најпрво на умерен оган се топи маргаринот со слатката павлака, потоа се трга од оган и се додава шеќерот во прав, убаво да се исмеша. На крај се додава путерот од кикирики, а доколку е погуст се враќа на рингла за побрзо и покомпактно да се измеша убаво целата смеса.

Чоколадо 250 гр + 3 лажици масло=18 пралини