Испечати

Поховано пилешко во сос од павлака и маслинки

Поховано пилешко во сос од павлака и маслинки

Состојки

  • 4 тенко исечени парчиња пилешко
  • 1 јајце
  • презла за поховање
  • за сос
  • 200 гр маринирани печурки
  • 1/2 главица кромид
  • 100 гр маслинки
  • 1 супена лажица сенф
  • 200 мл кисела павлака

Подготовка

Јајцата се матат со вилушка, пилешкото бело месо најпрво се валка во презла, па во јајце и пак во презла, се става на загреано масло да се пржи додека порумени од двете страни и се вади на страна. На малку масло се сецка кромидот и маслинките и се става да се запржи 2 минути, потоа се додаваат печурките и се трга на страна. Откако е тргнато на страна се додава сенфот и се посолува по вкус, овој сос се прелива врз похованото пилешко.
На здравје !!!